header image

Што е лизинг? FAQ

Финансиски лизинг


Дали може да се превземе договор за финансиски лизинг?
Договорот за финансиски лизинг може да се превземе , но не порано од 1 година од датумот кога е склучен првичниот договор за лизинг. Постапката за одобрување на новиот корисник е како за одобрување на ново возило. Со стариот Корисник се раскинува договорот за лизинг, а со новиот се склучува нов договор според преостанатата главница и преостанатиот број на рати од стариот договор. Трошоците за превземање на договорот за лизинг ги плаќа новиот корисник на лизинг со склучување на нов договорот.

Дали може договорот за финансиски лизинг да се откупи предвреме?
Договорот за финансиски лизинг може да се откупи предвреме, но не порано од 1 година од датумот кога е склучен. Трошоците за предвремен откуп на договорот за финансиски лизинг изнесуват 2% од недоспеана камата по договор плус ДДВ.


Оперативен лизинг
Кога возилото може да се врати и кога е најдобро да се врати возилото земено под закуп?
Возилото за кое е склучен Договор за закуп најдобро е да се врати по истекот на периодот за закуп, така како што е дефинирано во договорот. Закупувачот може да го врати возилото и пред истекувањето на периодот на закуп со надомест:

  1. севкупните настанати трошоци по Договорот
  2. доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата,
  3. доспеаните, а ненаплатени закупнини по Договорот,
  4. Договорна казна во висина на 6 месечни закупнини поради предвремено раскинување на договорот,
  5. евентуално утврдените разлики помеѓу книговодствената вредност утврдена на денот на раскинување на Договорот и проценетата вредност на предметот на закуп утврдена од страна на овластен - проценител определен од страна на Закуподавецот на денот на раскинување на Договорот

Километража поголема од предвидената?
По истекот на договорот за закуп, доколку возилото се враќа на Закуподавецот со километража поголема од договорената, тогаш се фактурира пенал за повеќе поминатата километража во однос на договорената максимална годишна километража претходно дефинирана во Договорот.


Останато/ Друго


Како клиентот ги плаќа месечните рати/ закупнини?
Месечните рати за финансиски лизинг се плаќат согласно амортизциониот план за плаќање. Закупнините се плаќаат по основ на месечна фактура.

По кој курс се уплаќаат ратите/ закупнитните?
Ратите се уплатуват по продажен курс на Стопанска Банка кој е важечки на денот на уплата.

Осигурување
Во рамките на секоја каско полиса дефинирани се поимите делумна штета, тотална штета, кражба и утаја. Затајувањето и кражбата посебно се договараат. Клиентот мора во зависност од дејноста ( ако е во прашање Rent A Car) да изврши доплата во каско полисата за таа дејност како и доплата за затајување.

Како да постапите во случај на делумна штета?
За настаната делумна штета над предметот на лизинг / закуп, клиентот треба да ја извести осигурителната компанија која ја издала полисата и да ја извести Стопанска Лизинг во најбрз можен рок.

Како да постапите во случај на тотална штета?

Обврските на корисникот на лизинг / закуп во случај на настаната тотална штета над предметот на лизинг/ закуп се следните:

  • Пријавување на штетниот настан во МВР
  • Надлежната полициска станица издава записник за оштетувањата на возилото
  • Пријавување на штета во осигурителната компанија каде што се склучена каско полисата
  • Пријавување на штета во Стопанска Лизинг
  • Да се одвезе возилото ( ако е во возна состојба) во овластен сервис за можна поправка. Ако возилото не е во возна состојба, со шлеп служба да се одвезе до овластен сервис.


Како да постапите во случај на штета во странство?
Доколку осигуреното возило има каско осигурување, а сообраќајната незгода се случи во странство, тогаш задолжително е изготвување на полициски записник за незгодата, а при враќање на оштетеното возило во земјата задолжително се пријавува оштетеното возило на граничен премин при влез во земјата на надлежниот полициски службеник.
Доколку се случи штетен настан во странство по вина на странски осигуреник, штетата задолжително се пријавува во странска осигурителна компанија каде е осигуран причинителот на штетатата, која ја спроведува понатамошната постапка за исплата на штетата.

Како да постапите во случај на кражба?
Обврски на корисникот на лизинг во случај на кражба на предметот на лизинг:

  • Да пријави кражба во полиција
  • Да достави потврда за пријавена кражба во осигурителната компанија
  • Да достави потврда за пријавена кражба во Стопанска лизинг

Кој може да е корисник на лизинг / закуп?
Корисник на лизинг / закуп може да биде физичко или правно лице ( мали, средни и големи компании).

Кој е сопственик на возилото?
Сопственик на возилото е Стопанска лизинг (давателот на лизинг). Право на сопственост над возилото корисникот на лизинг го стекнува по исплата на последната рата и склучување на договор за купопродажба во случај на финансиски лизинг, додека кај закупот сопственоста останува на Стопанска лизинг.

Дали корисникот може да го одбере било кој бренд?
Клиентот може сам да го одбере брендот кој сака да го земе на лизинг / закуп.

Веб-страницата на Стопанска лизинг АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Компанијата да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на Компанијата не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.