header image

Финансиски лизинг

Финансискиот лизинг претставува финансирање на купување со право на користење на предметот на лизинг до истекот на договорот. Корисникот на лизинг со уплата на последната рата станува сопственик на Предметот на лизинг. Преку лизингот, корисникот не вложува сопствени средства за набавка на машината или опремата, туку има обврска периодично да плаќа надомест за нејзино користење. Овој тип на лизинг овозможува по истекот на договорот, корисникот на предметот на лизинг да стане и негов сопственик.

Карактеристики

  • Кај правни лица предметот на лизинг во билансите се води како основно средство што е важно за пресметката на амортизацијата
  • За време на траењето на договорот за лизинг, сопственик на предметот на лизинг е давателот на лизинг
  • По истекот на законски пропишаниот период од 1 година кај возила и 2 години кај недвижностите на договорот постои можност за откуп на предметот на лизинг.
  • Со отплатата на последната лизинг рата и потпишување на купопродажен договор корисникот на лизинг станува сопственик над предметот на лизинг.
  • При склучување на договор за лизинг задолжително е каско осигурување.
  • Во билансот на состојба, финансискиот лизинг се евидентира како средства и обврски.
  • Во случај на финасирање по пат на финансиски лизинг каматите и надокнадите се третираат како финансики расходи во билансот на успех на претпријатието, додека со плаќање лизинг ратата доаѓа до намалување на обврските по лизинг.


Предности

  • Флексибилноста – планот на исплаќање на лизинг ратата може да биде направена така да одговара на потребите на корисникот.
  • Минимално учество
  • Амортизационен план- што овозможува јасна и прецизна калкулација на трошоците

ПРОМОТИВНО:

Купете Dacia Duster за само 199евра месечно со финансиски лизинг

 

Прочитајте ги Општите услови за финансиски лизинг

Веб-страницата на Стопанска лизинг АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Компанијата да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на Компанијата не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.