Шести Стопанска Триоџи Триатлон, со поддршка од Стопанска лизинг

Стопанска лизинг АД - Скопје и оваа година горд поддржувач на еден од највозбудливите спортски настани во државата - Стопанска Триоџи Триатлон.

Шестото издание на настанот ќе се одржи во Куманово, на 27ми септември. Учесниците од најразлични возрасти ќе ги одмерат своите сили во трчање, пливање и велосипедизам.

 

Место на одржување:

Стартот и целта на натпреварот ќе бидат пред Градскиот Базен во Куманово. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Градскиот Базен Куманово, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Октомвриска Револуција и Булеварот Трета Македонска Ударна Бригада, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Стартот на настанот е во 8:00 часот.

 

Регистрацијата на учесниците е отворена до 20.9.2025 или до исполнување на бројка од 300 учесници, за следните категории:

  • Сениори (2006 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Јуниори (2007-2010): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Кадети (2011-2013): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
  • Деца 2 (2014-2016): 175м пливање, 5км велосипед, 1км трчање;
  • Деца 1 (2017 и помлади - рекретивна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
  • Мастерс 1 (1996-1987): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Мастерс 2 (1986-1977): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Мастерс 3 (1976 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 2 членови (еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник ги обработува сите дисциплините со следните дистанци: 175м пливање, 5 км велосипед и 1 км трчање.

НАПОМЕНА: Тимскиот триатлон е наменет за лица родени во 2013 и повозрасни.

Пријавувањето е на следниот линк.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на објавите за настанот на социјалните медиуми на Triogy Racing MKD.

 

03.09.2026

Веб-страницата на Стопанска лизинг АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Компанијата да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на Компанијата не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.