Stopanska Triogy Triathlon успешно реализиран со поддршка од Стопанска лизинг

На 18. 5. 2023 во Скопје се одржа третото издание на Stopanska Triogy Triathlon - спортски настан каде Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје е горд спонзор.

Фотографиите сведочат за спортската пасија која ја имаат учесниците и навистина сме горди што нашето име се поврзува со ваков инспиративен настан. Вредностите кои се промовираат се поклопуваат со вредностите зад кои стоиме и ние: стабилност, мобилност, снага!

Поздравувајќи ги победниците, Извршниот директор на Стопанска лизинг, г. Жарко Кржаловски ги врачи наградните чекови и симболични подароци од Стопанска лизинг за сите кои се искачија на подиум во својата категорија.

Посебно не радува што и нашите колеги од Стопанска банка АД - Скопје зедоа учество и ги застапуваа нашите заеднички бои.

Благодарност до организаторите, волонтерите, навивачите и секако до атлетите!

Стопанска лизинг

23.05.2023